Приватна Здравствена Установа

  • Печати

За нас

Дијагностка

Терапии

Третмани

 

 

Добредојдовте на страната на нашата ординација за општа и комплементарна медицина

Убаво што можевте да на пронајдете !

Сакате да бидете повторно здрави?

Вие не се чувствувате добро и сакате да знаете што се случува со Вас?

Или ако веке имате дијагноза и барате соодвтна терапија?

Ние нудиме подршка со професионална дијагностика и третман.

Лекувањето е можно !

 

Дијагностика

1.ЕКГ

2.Темен Микроскоп (Dark microscope )

 

ЕКГ (Електрокардиограм)

Приказ во вид на крива на биоелектричните импулси на срцето, кои се пренесуваат од површината на телото. Тој се прави заради откривање на пречки во циркулацијата на срцето и заради откривање на пречки во ритамот на отчукување на срцето.

 

Темен микроскоп (Dark microscope) –Дијагноза преку жива крв

Испитувањето на крвта со темен микроскоп базира на сознанијата од истражувањата на проф. д-р Гинтер Ендерлајн. Тој во 1914 година открил дека и во човечките крвни клетни постојат најситни живи суштества, кои преку размножувањето, зголемувањето како и преку нивните продукти од метабоилизмот предизвикуваат промени на средината во внатрешноста на човечкиот организам и на тој начин го оштетуваат човечкото тело и го создаваат патот за многу болести.

Кога овие крвни паразити ќе бидат откриени со помош на дијагнозата преку живата крв на темен микроскоп, тогаш (алтернативниот) лекар може да ја открие причината за постоењето на различните симптоми, може да ја дијагностицира болеста и соодветно да ја лечи или пак, да го упати пациентот на соодветниот лекар-специјалист.
Дијагнозата преку живата капка крв испитувана на темен микроскоп многу е погодна за рано откривање на болестите кои потоа можат благовремено да се лечат и надминат.
Засегнатиот пациент преку екранот може самиот да го следи испитувањето на живата крв на темен микроскоп т.е. тој/таа неа ја следи "во живо".
Заради контрола на лечењето може при секоја посета на ординацијата да се направи ново испитување на жива капка крв, така што пациентот ќе може самиот да ја следи промената во неговата крв преку екранот.
Според искуството ова води кон тоа пациентот да стекне доверба во лековите кои му биле препишани и при консектветно придржување кон шемата за лечење, пацинетот во најкус временски период ќе почувствува позитвни промени.
Најбитното е што пациентот самиот ја презема одговорноста за своето оздравување и што тој во секојдневието дејствува соодветно на препораките за лечење.
Дијагнозата со темниот микроскоп на живата крв ја поддржува соработката помеѓу пациентот и лекарот.
Начин на постапување:
1 Капка крв се зема од јагодицата на прстот и во присуство на пациентот веднаш се испитува под темен микроскоп. Пациентот може тоа што лекарот ќе го открие на темниот микроскоп директно да го следи на екранот. При испитувањето на живата крв на темен микроскоп не се користат ниту дополнителни материи, ниту пак капката крв мора да минува долг пат во лабораторијата. Лекарот во присуство на пациентот се стекнува со прв општ впечаток за моментната состојба на крвната плазма, бројот и состојбата на црвените крвни клетки, за кисело-базниот сооднос во организмот, за можните труења со тешки метали, за проточноста на крвта, за можните блокади на крвните клетки како и за можните органски пореметувња и постоењето на паразити.
Таа капка крв потоа се иследува во текот по повеќе часови, а понекогаш и следните два или три дена, бидејќи крвта постојано се менува. Капката крв на стакленцето доживува недостиг на кислород и прекиселување и преку светлината и температурата на просторот таа капка крв се става под стес, така што паразитите ги напуштаат свпоте сокривалишта во крвните клетки и можат јасно да се видат во плазмата. На тој начин лекарот кој врши дијагноза на живата крв со темен микроскоп може да согледа за кои крвни паразити станува збор. И за пациентот е мошне интересно што може самиот да види како паразитите ги напуштаат крвните клетки, така што тој самиот директно ја согледува потребата од лечење.
Според дијагнозата со темен микроскоп на живата крв можат да се применат различни методи на лечење. Јас речиси исклучиво работам и тоа со постојан успех со препаратите на фирмата „SANUM“ и со параспецијално масло како и со едно добро избрано додатно средство.
Кус опис на третманот:
Повторно востпоставување на 4 столба на здравјето.
1. Сооднос на киселоста и базноста во организмот:
Прекиселувањето на внатрешната средина во организмот создава поволни услови за настанување на болестите, меѓу другото и со паразитите кои предизвикуваат болест, бидејќи за тие паразити е поволна киселата средина за да можат да преживеат, а и самите тие за да се заштитат произведуваат киселина. Затоа ние делуваме во однос на овој проблем и ја намалуваме киселоста на средината преку соодветни препарати и преку промена на исхраната.
2. Количество на вода во организмот:
Јас исцрпно им објаснувам на моите пациенти колку е битна функцијата на водата, зашто сите хемиски процеси во организмот се одвиваат со помош на водата како медиум, а освен тоа водата е неопходна заради исфрлање на отровите од организмот. За жал најголемиот број луѓе пијат многу малку вода – наместо тоа пијат кафе, вештачки засладени пијалоци и многу други пијалоци кои не се добри за здравјето.
3. Количетсво електролити во организмот:
Електролитите се материи, кои во воден раствор се во сосотојба да ја пренесуваат електричната струја. Тука спаѓаат на пример натриумот, хлоридот, калиумот, калциумот, фосфатот и магнезиумот.

Количетсвото електролити во организмот треба да биде во рамнотежа. Кај болни лица често пати доаѓа до дисбаланс во однос на количеството на електролити, на пр. при дијареја која трае подолго време, при повраќање итн. Затоа е многу битно да се испита количеството електролити и по потреба тоа да се доведе во баланс.
4. Дишење и примање на кислород:
Сосема едноставно објаснето, под дишење подразбираме примање на кислород од воздухот и исфрлање на истрошениот воздух во форма на јаглерод диоксид. Комплексната регулација на дишењето се координира од нашиот нервен систем и во голема мера се одвива автоматски.

Можеме да сториме многу нешта за да го подобриме примањето на кислородот така што често ќе се движиме на свеж восздух, ќе дишиме посвесно и на тој начин ќе го сузбиеме секојдневниот стрес, а пред се` така што ќе научиме како да бидеме поопуштени.

Целта на добрата терапија е да се открие и разбере пораката што ја даваат симптомите со помош на дијагнозата со темен микроскоп на живата крв и успешно, без големи трошоци и со минимален напор тие да се регулираат и организмот да се излечи.

 

Терапии:

1.Краниосакрална терапија

2.Терапија-Ролфинг

3.Реики

4.Невралт-терапија

5.Терапија со автосистем-хипноза

6.Комплементарна терапија на карцином

7.Терапија со инфузии

8.Терапија со Тимус

9. Sanum терапија (изопатски, имуномодулатори, хаптени и хербални лекови )

 

Краниосакрална терапија

Краниосакралната терапија претставува таков метод на леченење, кој го вклучува човекот во целина. Во центарот на краниосакралната терапија е движењето на мозочната течност, т.н. Liquor cerebrospinalis, која го опфаќа, штити и храни централниот нервен систем. Т.н. CranioSacrale-систем ги опфаќа сите структури, во кои е сместен централниот нервен систем. Тој е обвиткан со цврста мембрана, која е срасната со черепната коска (Cranium), како и со крстот (Sacrum). Во овој систем на одредени места може да настанат згрчувања, кои ја ограничуваат циркулацијата на течноста (Liquor), а може и да го нарушат целокупниот развој како и функционалноста на нервниот систем. craniosakrale-therapie

 

ТЕРАПИЈА-РОЛФИНГ

Масажата „Ролфинг“ претставува комплементарно-медицинска мануелна метода на лечење која уште се нарекува и Структурна интеграција. Станува збор за мешавина од масажа на ткивата и телесна активност.

РЕИКИ

Хармонија за телото, духот и душата

Reiki

што протекува

Реики претставува холистички метод на лечење, кој бил откриен од страна на јапонскиот лекар д-р Микао Усуи во 19.век.
Зборот „Реики“ значи универзална животна енергија.
Таа се пренесува од терапевтот на тој начин што тој ги положува своите раце на пациентот. Оној кој дава Реики притоа служи како канал за универзалната животна енергија.
Реики тече кон примателот сам од себе и тоа на она место, каде што е потребно. На тој начин се хармонизира, стабилизира и јакне животната енергија. Покрај тоа се лечат и акутните како и хроничните заболувања.

Реики-третманите секогаш се одржуваат само со едно лице.

 

 

Невралт-терапија

Nevralt terpija Лузните може да бидат места каде се попречува односно блокира енергијата и каде телесната регулација е нарушена, особено тогаш кога лузните се наоѓаат на местата каде се наоѓаат енергетските струења.
Миогелозите во областа на `рбетниот столб исто така може да го нарушат протокот на енергија.
Во овие случаи се инфлитрира локалното средство за наркоза – прокаин. Тоа е понекогаш болно, но сепак претставува многу делотворен метод посебно во случаите кога постои синдром на хронична болка.
Невралт-терапијата е развиена во 1925 год. од страна на германските лекари Фердинанд и Валтер Хунеке.

 

 

Терапија со автосистем-хипноза

Хипноза значи создавање на состојба на транс, со која се овозможува комуникација со несвесното кај човекот. Поаѓајќи од околноста што само еден мал дел од човечката душевна активност се случува на рамниште на свесното, контактот со несвесното нуди решенија таму каде свеста дотогаш гледала само проблеми.
Трансот претставува состојба на длабока опуштеност, состојба која ни е позната и од автогениот тренинг, медитацијата или при возењето автомобил по познати патишта. Еден дел од свесноста е концентрирана на една точка, додека другиот дел може да ја користи креативноста на несвесното.
Саморганиризачката хипноза која јас ја примениувам, не користи сугестии кои се даваат во состојбата на транс. Слично како во хомеопатијата јас како терапевт давам само импулси, а процесот на лечење се случива во самите Вас.
За кого е погодна автосистем-хипнозата?
Таа е погодна за секој човек, без разлика на тоа дали тој е млад или стар, маж или жена. Критериум за непримена на оваа хипноза се единствено состојбите кога постојат акутни психози или дементност во напредна фаза.
Области на примена:
• Постигнување на цел – приватно, професионално или при спорт
• Справување со стресот
• Терапија на болка
• Психосоматски заболувања
• Стравови
• Опсесии
• Депресии
• Пречки во исхраната
• Пушење

Комплементарна терапија на карцином


imela komplementarna

Како дополнение на класичната медицина ние ги нудиме следните методи: лечење со индивидуално избрани концентрации на имела од дрвја-домаќини.

Helixor® - препаратите се произведуваат од имела (Herba Visci albi) на различни дрвја-домаќини:
- елка (Helixor® A = abietis),
- јаболкница (Helixor® M = mali),
- бор (Helixor® P = pini).
Helixor® се инјектира како поткожна инјекција (шприц под кожа) на различни места на стомачниот ѕид.

Можни се инјекции и во бутот (предна и надворешна страна) и во надлактицата.


На местото на инјектирање, особено на почетокот на лекувањето, може да се појави црвенилo. Црвенило на местото на инјектирање со радиус од 1 cm до 5 cm и /или лесно зголемување на температурата за 0,5 - 1C и подобрување на Вашата општа здраствена состојба се знак за вашиот лекар дека оптималната Helixor®-доза е достигната.

Helixor® - препаратите се употребуваат:
- Заедно со општите мерки за подобрување на животниот квалитет кај солидни тумори за време и по стандардна терапија

• Јакнење на имунитетот
• Намалување на туморозните болки
• Подобрување на општата состојба
• Зголемување на апетитот
• Спречување на создавањето метастази
• Продолжување на животниот век

Терапијата со имела е погодна да се применува заедно со радиотерапијата и хемотерапијата. Тогаш таа го намалува бројот на несаканите придружни појави како што е чувството на мачнина/гадење.

 

 

Инфузии на високи дози на Витамин-C


Се смета дека некои витамини се тесно поврзани со метаболизмот во организмот кој е погоден за развивање на тумори. Врската помеѓу одредени витамини и различни туморозни заболувања се остварува на два начина. Од една страна, тие имаат одлучувачко значење во превенцијата од тумори, а од друга страна, постои мошне оптимистички успех во примената на витамините во терапијата на туморите. Витаминот-C е еден од најчесто променуваните витамини во терапијата на карциномот.
Соодветната примена на високи дози на Витамин-C во конвенционалната терапија на карцином овозможува многу битни предности. Продожувањето на животниот век на пациентите болни од карцином, спречувањето на создавање метастази по операција, синергетското дејство заедно со хемотерапијата, подобрувањето на општата состојба и ублажувањето на болките се предностите на овој витамин опишани во литературата. Токму подобрувањето на општата состојба и ублажувањето на болките што се постигнува со давањето на Витаминот-C, го зголемува животниот квалитет на пациентот во значителна мера.


Терапија со Тимус

Тимус терапијата се однесува на третман со агенси на тимус жлездата (Thymosins). Тимус супстанците се нарекуваат имуно модулатори, тоа значи дека тие може да се користат при целиот дизбаланс на имонолошкиот систем.

-Имунолошки девицит и подлжнот на инфекции

-Рревматски болести

-Егзема и други хронични заболувања на кожата

-Ментална замор и рамнодушие

-Адјувантна терапија на тумор болести и ХИВ

-Пред и по операција

timus

 

 

 

Третмани:

1.Третман со свеќичка за уво

2.Третман со Шислер-соли (солите на животот)

3.Детоксикација од тешки метали

4.Schroepfen (вендузи) со baunscheidt

5.Пулсирачко магнетно полe

6.Третман на жени во мено-пауза

7.Третман за надминување на болеси на зависности (никотин опијати, алкохол)

8.Советување за исхрана

 

Третман со свеќички за уво

Повторното откривање на една индијанска церемонија за релаксација.
Делува чисто физикално. Лесен притисок и единствено движење на огнот делуваат како благ барабан од масажи. Методата се применува кај сите заболувања на главата, пречки во пределот на лимфите, синуситис, пореметување на рамнотежата, за релаксација од стрес итн.
Третманот трае 1 час.

 

Третман со Шислер - соли. Тоа се солите на животот....

Да се одржи рамнотежата - да се оздрави и да се остане здрав тоа претставува желба на мнозина од нас.
Доктор Хајнрих Шислер (Heinrich Schuessler, 1821-1898) на крајот на 19 век по сопствените истражувања открил дека човечкото тело содржи минерални соли во сите негови крвни садови, ткива и органи . Шислеровите соли му помагаат на телото самото да си помогне себеси. Така се мобилизираат сопствените сили за исцелување на еден благ начин без какви и било ризици.

 

Исфрлање на тешките метали и токсини од телото

tretmani detoksikacij
Под тешки метали се подразбираат елементите како што се жива, олово, кадмиум, цинк, кобалт итн.
Под токсини се подразбираат ендотоксините, неуротоиксините итн. кои настанале од бактерии, вируси и габи.
Тие повеќе или помалку ги добиваат од сите луѓе преку храната, водата за пиење преку издувните гасови и пред се преку пломби.Тешките метали по правило тешко можат или воопшто не можат да се исфрлат по нормален пат преку бубрезите или цревата. Доколку не правиме редовна детоксификација на телото тогаш доаѓа до блокади на автономниот нервен систем.
.

 Можат да настанат следните состојби како резултат на труење со тешки метали: агресивност, алергија анемија, астма, депресии, психози, недостиг на енергија, епилепсија, воспаленија на синусите болки во зглобовите пореметување на функцијата на штитната жлезда, воспаление на забното месо, треперење итн. Што може да се направи?
Основата на терапијата е тие тешки метали да се исфрлат.


Schroepfen (вендузи) со baunscheidt

Ова претставува мошне стара метода која потекнува од традиционалнта кинеска медицина (TCM).
Кај сувите Шрепфен (вендузи) со ставање на стаклени садови односно на т.н. Шрепфен-чашки се прави притисок на соодветното место на кожата, а потоа се прават т.н. ,baunscheidt"
резови на кожата. Според мислењето на терапевтите кои лечат со оваа терапија, на овој начин се активира исфрлањето на штетните материи преку кожата и се активира имунолошкиот систем. На овој начин се ослободуваат пречките во протокот на животната енергија (Јинг и Јанг).

 

Пулсирачко магнетно поле

Пулсирачкото магнетно поле терапија е таков вид на природна терапија која го успорува процесот на дегенаративните процеси предизвикани од болести и стареење.
Статичкото магнетно поле терапија има само индиректно и намалено дејство на метаболизмот и циркулацијата, додека пулсирачкото магнетно поле делува директно и ефициентно на потеклото на болката, ја лоцира причината за болката и ја деблокира со што таа исчезнува.

 

Третман на жени во мено-пауза

Тегобите предизвикани од дисбалансот на хормоните во женското тело, успешно се надминуваат
со соодветни методи и техники.

 

Третман за надминување на болеси на зависности (никотин опијати, алкохол)

Лугето кои се спремнида се соочат со свите пороци и успешно да ги надминат ќе добијат стручна помош и подршка со најновите алтернативни техники и методи кои даваат одлични резултати.

 

Советување за исхрана

Исхраната и последиците поврзани со неа во нашето преоптоварено и Fastfood-општество стануваат се поголем проблем. Ние сите сме 95% "кисели" и имаме дисбаланс во нашиот сооднос на киселина и база.