SANUVIS tabl. – Sanum Kehlbeck
Tаблети:
- за орална употреба
Активна состојка: Acidum L(+)-lacticum D4/D6/D12/D30/D200 потенција
1 таблета од 276 mg содржи:
50 mg Acidum L (+) – lacticum D4/D6/D12 трит. (HAB, метод 5a со пуферирана вода(D1), метод 7 со лактоза (D2), метод 6 лактоза (D3 – D12)).
50 mg Acidum L (+) – lacticum D30 / D200 трит. (HAB, метод 5a со пуферирана вода (D1), со етанол 15 % (m/m) (D2), со етанол 43 % (m/m) (D3 – D25 / D3 – D195), метод 7 со лактоза (D26 / D196), метод 6 со лактоза (D27 – D30 / D197 – D200))
Индикации:
- регулација на ph-вредноста
- предоперативна и постоперативна терапија
- пречки во метаболизмот
- за поддршка на терапијата против карцином, за хронични болести на кожата и функционални тегоби со срцето
- за поддршка на терапијата на гастро-ентеро-хепатички тегоби
- Sanuvis може да се дава како основна терапија паралелно со габични препарати и препарати со квацес.
Својства:
Млечната киселина L(+) односно (Acidum L(+)-lacticum) е природна материја за регулација на клетките што го активираат дишењето, и која според д-р Зегер може да го зголеми дишењето во митоходриите за 350%, пред се тогаш, кога тие се оштетени во својата функција поради тумор. Како последица од акутниот недостаток на кислород, во овие клетки се случува ферментација на млечната киселина. Последицата е токсичен вишок на млечна киселина, кој заедно со другите фактори влијае поволно за дегенерацијата на клетките. Млечната киселина како материја за растење, кога е во преголема токсична количина станува материја за прекумерно растење. Заради нејзино исфрлање во изопатијата се користи високоразредена млечна киселина со десен обрт. Со спојувањето на повеќе потенции, како во случајот со Sanuvis-потенциите, може во исто време поволно да се влијае на повеќе различни фази од размената на материи.
Примена:
Орално:
- Возрасни и деца над 12 години:
1 – 3 x дневно 1-2 таблета
- Деца под 12 години:
1 x дневно 1 таблета
Несакани дејства:
Не се познати.
Пред примена на препаратот консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт.
Содржина на пакување: 80 таблети.