Изопатијата и успешното лечење со лековите на Занум

  • Печати

Поимот изопатија се состои од зборовите и префиксот „iso“, кој потекнува од грчкиот збор „isos“ што значи исто, идентично, слично и „pathos“ што значи болест.

Изопатијата претставува лечење на болести преку ниски развојни форми на самиот предизвикувач на болеста или преку користење на крајните продукти од самата болест, за разлика од хомеопатијата која почива врз принципот на сличност (слично со слично) и алопатијата, која почива врз принципот на спротивност (спротивно со спортивно).

Изопатијата е многу стар начин на лекување која била применета уште од Хипократ. Во една од своите списи за „Деловите на телото на човекот“ тој ја дава следната констатација: „Vomitus vomitu currentur“, што значи: лекување на една болест преку материи кои се создаваат од самата болест. Со ова тој ја искажал суштината на изопатскиот принцип. Изопатските средства кои се користат во лечењето се добиваат од култури на микроби, вируси, бактерии, габи, секрети или патолошки екскрети и потоа се подготвуваат на соодветен начин. Постоеле многу обиди за ваков начин на лекување со векови наназад.

Во оваа форма на терапија станува збор за ненасилни процеси на промени, а не за процеси на уништување, како што тоа се прави со антибиотиците каде во најкус рок се уништуваат големи количини на бактерии чии што мртви тела потоа како т.н. ендотоксини создаваат голем број на негативни последици и несакани реакции. Наспроти тоа, може со примената на овој природен изопатски феномен без загрозување на интегритетот на микробниот екосистем на телото да се постигне голем терапевски ефект. Бидејќи овој начин на лечење е во хармонија со плеоморфниот принцип, кои постои насекаде во светот на микроорганизмите, се гарантира дека од оваа терапија нема негативни последици или реакции.